Реал Мадрид беше принуден да направи промена на голот, Тибо Куртоа е заменет на полувреме со Андриј Лунин, а тимот нема други голмани на располагање во второто полувреме.
Куртоа кој е еден од најдобрите на светот и клучен за успесите на Кралскиот клуб, почувствува болка на адукторскиот мускул и беше заменет од Лунин, херојот на Реал на „Етихад“ во двомечот пред две сезони.
Белгиецот Куртоа речиси сигурно ќе го пропушти дерби натпреварот против Атлетико в недела вечер, најавуваат шпанските медиуми и тоа сигурно не е добра вест за Реал.

