26.8 C
Skopje
петок, 8 август 2025

Се повреди Роберт Левандовски, неизвесен е за стартот на првенството

Најдобриот стрелец на Барселона, Роберт Левандовски, се повредил на еден од тренинзите на Kаталонците, соопштија од клбот. Полскиот репрезентативец почувствувал болки во мускулот на левата нога, но сè уште не е познато колку ќе биде надвор од фудбалските терени.

Според шпанските медиуми, Левандовски со сигурност нема да настапи на пријателскиот меч против Комо, а под знак прашалник е и неговиот настап на првите натпревари од новата сезона во Ла Лига.

Левандовски минатата сезона на 52 натпревар за Kаталонците постигна 42 гола.

- Оглас -

Најнови вести