Се повтори скопската приказна – Вардар водеше, но пак загуби од Сегед

Лошите десеттина минути во второто полувреме го чинеа Вардар нов пораз во Лигата на шампионите против ПИК Сегед, втор во краток рок од четири дена.

Скопската приказна од 14 февруари се повтори и вечерва, а двојниот европски првак од Македонија не успеа да ја задржи предноста од два гола по првото полувреме и загуби со 34:33 во драматичен меч.

Црвено-црните со одлична игра најавија дека одат на победа и по 30 минути игра имаа предност од 19:17. Но, се случи вистински потоп во стартните десеттина минути од второто полувреме, кога домаќините успеаја да направат голем пресврт и да поведат со 27:21.

Вардар постигна три гола по ред и намали на три гола разлика во период во кој повторно извонредно бранеше Робин Кантегрел. Францускиот голман го заврши мечот со 13 одбрани, но грешките во второто полувреме скапо го чинеа Вардар.

Во финишот на мечот на четири минути до крај, Вардар намали само на еден гол разлика, 31:30, потоа повторно беше еден негатива, 32:31 и 33:32 но домаќините беа концентрирани и не дозволија гостите да освојат барем еден бод.

ПИК Сегед по исто сценарио како во Скопје, кога имаше негатива од два гола разлика, по првиот дел успеа да направи пресврт и вечерва и ги освои бодовите.

Иван Чупиќ со 9 гола беше најефикасен кај Вардар, пред Стојанче Стоилов и Тимур Дибиров со по шест и Ловро Јотиќ со пет.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести