Се повторува ли 1992 година? На Данците им се поклопуваат работите од пред три децении (Видео)

Данска е првиот четвртфиналист на Европското првенство по победата од 4:0 против Велс, а интересно е што има неколку слични работи од 1992 година кога станаа и еврпски прваци.

Денеска во првото осминафинале речиси рутински и без многу проблеми со двата гола на Каспер Долберг и погодоците на Јоаким Меле и на Брајтвајт Данците го елиминираа Велс.

Долберг кој воопшто и не требаше да биде стартер, но ја искористи шансата по повредата на Јусуф Поулсен првиот гол го даде во 27. минута.

https://twitter.com/Soccer_Matrix/status/1408824552931610629?s=20

Потоа напаѓачот на Ница повторно беше прецизен во 48. минута за сигурна победа на Данците и пласман во четвртфиналето.

https://twitter.com/zi_988/status/1408834852443635716?s=20

Во самиот финиш со головите на одличниот Јоаким Меле и на Брајтвајт, Данците победија убедливо и се први четвртфиналисти на ЕП.

https://twitter.com/backagain/status/1408844760563978242?s=20

Во 1992 година Данска воопшто и не требаше да игра на ЕП, влета како замена за Југославија, а потоа приреди уникатен подвиг и стана европски првак.

И тогаш како и сега ја минаа првата фаза по групи со 3 бода, а и сега како и во 1992 година противник веројатно ќе им биде Холандија, ако Лалињата ја победат Чешка.

Ако ја победат и Холандија, можен ривал во полуфиналето е Германија, селекција што Данците ја победија во финалето пред 29 години.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести