Спорна ситуација имаше на мечот од Лигата на Европа вечерва на „Дела Керамика“ во Вилјареал, а по преглдеувањето на моментот од 36-тата минута со помош на модерната технологија, беше признат првиот гол на Жолтата подморница против Динамо Загреб.
Се работеше за милиметри во замислениот дуел на Чуквуезе и Гвардиол, а како што е прикажано на фотографијата со помош на ВАР-системот, линиите покажуваат дека петицата на одбранбениот играч на Динамо не прави офсајд-ситуација и голот на Пако Алаксер е регуларен.
Но од Динамо, а и дел од неговите навивачи тврдат дека не е замена вистинската ситуација како спорен момент бидејќи топката сè уште не е упатена од Морено кон Чуквуезе.
Се работи за секунди кои секако би ја смениле целата ситуација,бидејќи Гвардиол ќе беше понапред од Чуквуезе, кој би бил во офсајд, па неговата асистенција и голот на Алкасер за 1:0 не би биле регуларни.
Мечот заврши со победа на Вилјареал од 2:1 и Жолтата подморница со вкупен резултат од 3:1 се пласира во полуфиналето на Лигата на Европа, каде што ќе игра двомеч со Арсенал.