Се расипа ли ВАР системот? Перес заслужи исклучување, никој не провери што направи (Видео)

Бразилецот Бруно Перес заслужи да биде исклучен, откако со рака намерно го удри Карим Хафез на мечот меѓу Трабзонспор и Јени Малатијаспор во меч од Првата турска лига.

Бекот на Трабзонспор имаше многу среќа, бидејќи главниот судија Ајдинус и неговите помошници не го видоа недозволениот потег на поранешниот играч на Сантош, Торино и Рома, а не доби сигнал и од колегите во ВАР собата да го провери стартот на Перес.

Според правилата во случај да има сомневање за старт за црвен картон може да се користи ВАР системот и во таков случај Перес сигурно ќе беше исклучен.

Bruno Peres punched his opponent’s face on purpose and not checked by VAR (Trabzonspor-Yeni Malatyaspor) from soccer

Трабзонспор победи со 1:0 со голот на Корнелиус во првото полувреме и се зацврсти на врвот на табелата со 49 бода, 10 повеќе од Коњаспор, но и со меч повеќе.

 

 

- Оглас -

Најнови вести