Се сеќавате ли на најдобрата асистенција во историјата на фудбалот? (Видео)

Хозе Марија Гутиерес Ернандес, или попознат како Гути, е играчот кој речиси целата своја кариера ја помина во дресот на Реал Мадрид. Гути ги помина младинските категории, а потоа 15 години беше еден од најстандардните во Кралскиот клуб. Некогашниот шпански репрезентативец ги освои сите највредни трофеи, а кариерата ја заврши во Бешикташ, каде што одигра само една сезона.

Гути беше играч за врска кој знаеше одлично да асистира за погодоците на оние кои беа во нападот. Од многуте одлични потези, сепак најмногу се памти асистенцијата која ја имаше на дуелот против Депортиво ла Коруња, и тоа во последната сезона во дресот на Реал.

Беше тоа меч на кој Реал победи на гости со 3:1, а Гути ја имаше можеби најдобрата асистенција во историјата на фудбалот. Гути се најде сам пред голманот Аранзубија, но наместо да шутира, го забележа Карим Бензема зад него и реши да асистира.

Со петица само му ја врати топката на Французинот, ги излажа гостинскиот голман и еден од нивните дефанзивци, а на Бензема му остана само полесната работа, да ја погоди празната мрежа. Во денешно време речиси и да нема фудбалери со визија за фудбал како што имаше Гути.

https://twitter.com/i/status/1109967128273117184

 

 

- Оглас -

Најнови вести