Навивачот на Манчестер јунајтед Франк Илет се најде во фокусот на британската јавност откако во октомври минатата година јавно вети дека нема да се шиша додека неговиот омилен тим не стигне до пет победи во низа.
Илет на својот инстаграм профил постојано објавува фотографии како изгледа неговата фризура. Интересно е дека поради овој негов потфат, тој стана екстра популарен и веќе има преку 222.000 следбеници.
Со оглед на тоа дека Манчестер јунајтед е далеку од славните денови кога победуваше без мака, тешко е да се претпостави кога англискиот клуб ќе успее да стигне до пет победи по ред.
Илет последен пат се има шишано на 5 октомври 2024 година, а само еднаш беше блиску до тоа да се ишиша пак. Манчестер имаше три победи по ред во јануари оваа година, кога беа победени Глазгов ренџерс, Фулам и ФЦСБ, но низата застана на три победи, бидејќи потоа следуваше пораз од Кристал Палас со 2:0 на „Олд Трафорд“.
Денеска по 318 дена од неговиот потфат, фризурата на навивачот на Манчестер јунајтед е уникатна.
View this post on Instagram