Екипата на Вардарски од Богданци обезбеди место во Втора фудбалска лига, откако во баражот против Кораб победи со 3:2. Со овој триумф Вардарски по пауза од цели 27 години се врати во Втора лига, каде последен пат играше во сезоната 1996/97.
Вардарски беше дел и од историската прва сезона во Прва лига на самостојна Македонија кога во сезоната 1992/93 заврши на последното место. Во 34 меча Вардарски заврши со само девет освоени бодови и на крајот имаше примено точно 100 гола. Потоа тимот играше во Втора лига, за да од 1997 година падне во трета лига и подоле и цели 27 години чекаше за повторно да влезе во Втора лига.
Експресно враќање во Втора лига направи Борец кој лани испадна, а сега во баражот со 3:2 го победи Влазрими. Победа која заврши на 14 место во Втора лига во сезоната која што измина, успеа да обезбеди опстанок откако со 2:1 го победи Куманово.
БАРАЖИ ЗА ПЛАСМАН ВО ВТОРА ЛИГА:
Вардарски – Кораб 3:2
Победа – Куманово 2:1
Борец – Влазрими 3:2