Се сеќавате ли? Точно пред 10 години Бразил го претрпе најголемото фудбалско понижување (Видео)

Европското првенство и Копа Америка се најактуелните фудбалски настани на светската мапа, а таму веќе ги нема Германија и Бразил. Германците иако се домаќини на ЕП, беа елиминирани во четвртфиналето од Шпанија, додека Бразил загуби во истата фаза на Копа Америка, и тоа на пенали од Уругвај.

А точно пред 10 години, Бразил и Германија беа во фокусот со настапот во полуфиналето на Мундијалот. Светското првенство во 2014 година се играше во Бразил и Кариоките очекуваа да играат во финалето, но Германците беа неумоливи.

Во неверојатен дуел, Германија буквално го понижи домаќинот и го победи со неверојатни 7:1. Тоа е најголемото фудбалско понижување за Бразил.

Пеколни беа првите 30 минути, кога Германија даде дури пет гола. Милер ја отвори серијата погодоци во 11-тата минута, а потоа следуваа головите на Клозе во 23-тата минута, Крос во 24-тата и во 26-тата минута, како и голот на Кедира во 29-тата минута.

Во вториот дел Шурле погоди двапати, и тоа во 69-тата и во 79-тата минута за неверојатни 7:0, а во последната минута од мечот, Оскар даде почесен погодок за Бразил.

Головите од овој историски меч може да ги видите ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести