Црвена ѕвезда и Динамо Загреб се клубови кои во изминативе неколку сезони често беа дел од групната фаза во Лигата на шампионите. Сепак, оваа сезона најтрофејните клубови во Србија и Хрватска ќе мора да се задоволат со настап во Лигата на Европа.
Со оглед на тоа дека Динамо и Црвена ѕвезда ќе бидат во различни сегменти при ждрепката, постои шанса тие да се сретнат во иста група и да играат меѓу себе. Теоретски за тоа има големи шанси, но некои најави велат дека тоа да се случи е речиси невозможно.
Според новата технологија, УЕФА ги исфрли традиционалните топчиња и барабани каде што се извлекуваа групите. Сега компјутерски се одлучува кој против кого ќе игра во групната фаза, па веќе се шири теорија дека УЕФА ќе направи да има НУЛА отсто шанси, да играат Црвена ѕвезда и Динамо Загреб меѓу себе.
Probably 0%. We doubt that UEFA’s computer will allow that match to happen when it’s so easily avoidable. https://t.co/VSZpifvqyE
— Football Meets Data (@fmeetsdata) August 26, 2025
Последен пат овие два клуба играа меѓу себе на 18 мај 1991 година на „Маракана“ во Белград. Црвена ѕвезда водеше со 2:0 благодарение на головите на Дарко Панчев, но Динамо направи пресврт и славеше со 3:2 со головите на Шукер, Гашпар и Жидан.
Само 11 дена по тој меч, Црвена ѕвезда во Бари стигна до европската титула во Купот на европските шампиони, додека 26 дена по последниот меч меѓу овие два клуба, Хрватска се оддели од Југославија.