Не требаше да помине многу време за да се случи првото големо изненадување на гренслем-турнирот во Њујорк. Првата носителка во женска конкуренција Каролина Плишкова е елиминирана во второто коло од нејзината имењачка Каролина Гарсија. Иако Плишкова беше голем фаворит пред мечот, Французинката славеше со 6:1, 7:6, па тенисерката од Чешка остана да сонува за првата гренслем-титула.
За Гарсија ова беше прва победа против тенисерка која е во топ-10 на ВТА ранг-листата.
https://twitter.com/i/status/1301267626472157184
За разлика од Плишкова, Наоми Осака без никакви проблеми се пласираше во третото коло откако со 6:1, 6:2 славеше над Камила Џорџи.