Се создава нов ракометен дрим-тим: Ландин се приклучува на тимот кој го договори и Хансен

Никлас Ландин од наредната сезона ќе настапува за дански Алборг, којшто прави навистина моќен тим во борбата за освојување на Лигата на шампионите.

Најдобриот играч за минатата година стави потпис на четиригодишен договор, по кој најверојатно ќе стави крај на богатата кариера. Алборг веќе ги договори Микел Хансен и Кристијан Бјорнсен.

Покрај нив, кон овој тим треба да се приклучат и Рамус Лауге Шмид, како и братот на Никлас, Магнус Ландин.

Целта е јасна, а таа е борба за титулата во Лигата на шампионите, каде што ќе треба да се соочат со уште еден дрим-тим, екипата на Пари Сен Жермен, а тука се и великаните како Барселона, Веспрем и, секако, германските клубови.

- Оглас -

Најнови вести