Се спрема ново правило кое нема да им се допадне на многумина голмани

Телото при ФИФА кое е одговорно за правилата на фудбалската игра, ИФАБ, одобри тестирање на правилото за офсајд со кое недозволена позиција ќе биде само ако целото тело на напаѓачот е пред одбранбениот играч, а на пат е промоција уште на една новина која ги засега голманите кои крадат време.

Според сегашните правила, голманите смеат да ја имаат топката кај себе 6 секунди, но судиите ретко кога досудуваат индиректен удар ако некој голман се заборави и ја држи подолго во рацете или нозете.

Со новото правило, кое ќе се испроба во пониските лиги од следната сезона, голманите ќе може да ја држат топката 8 секунди, но во последните пет секунди судијата ќе крене рака и ќе почне да одбројува со прсти за да му укаже на голманот уште колку време му останува пред да ја пушти топката.

Ако чуварот на мрежата ја држи топката подолго, задолжителен е индиректен удар внатре во 16-никот, во линија со пенал-точката.

- Оглас -

Најнови вести