Фудбалот неретко знае да создаде интересни приказни, а една таква ни доаѓа од Италија во периодот кога сè уште се чека враќањето на клупскиот фудбал.
Во тек е репрезентативната пауза, а веднаш по нејзиното завршување во Серија А ќе се сретнат Милан и Болоња. Освен што станува збор за дерби на претенденти за европските натпреварувања, кое секогаш носи голема возбуда, ова на прв поглед не би била вест од особено значење.
Но, ако се погледне што неодамна се случи во Марсеј, приказната добива далеку поинтересен тек.
Зошто токму во Марсеј? Затоа што во соблекувалната на овој клуб неодамна се степаа Адриен Рабио и Џонатан Роу, дотогашни соиграчи.
По тепачката, Марсеј реши да се ослободи од двајцата, па Рабио замина во Милан, а Роу во Болоња.
Првиот нареден натпревар е токму Милан против Болоња, односно Рабио против Роу.
Ќе биде интересно да се види во какви односи ќе бидат двајцата фудбалери на теренот, а едно е сигурно – за време на натпреварот никаков инцидент нема да им биде толериран.