Се враќаат стандардните – Македонија оди на победа против Грузија

Македонија ќе игра со многу посилен состав на третиот меч од ЕХФ неделата на ракомет вечерва против Грузија, од 20 часот во „Јане Сандански“ во Скопје.

Селекторот Данило Брестовац одлучи да приклучи дел од искусните ракометари во составот на националниот тим, кој ја победи Турција во Ескишехир и ремизираше со Италија со подмладен тим.

Сега во составот од 19 ракометари се приклучија дел од главните адути предводени од капитенот Кирил Лазаров, потоа и Дејан Манасков, Борко Ристовски….

Вечерва за мечот со Грузија во комбинација ќе бидат следните ракометари:

Борко Ристовски, Мартин Томовски, Кирил Лазаров, Дејан Манасков, Филип Талески, Филип Кузмановски, Жарко Пешевски, Бојан Маџовски, Димитар Димитриоски, Дејан Кукуловски, Марко Мишевски, Марио Танкоски, Дарко Димитриевски, Мартин Велковски, Томислав Јагуриновски, Мартин Поповски, Ненад Крстески,  Филип Арсеноски, Горан Крстевски.

 

- Оглас -

Најнови вести