Се врати во родниот град, но ќе игра за ривалот на клубот каде што ја почна кариерата

Раџа Најнголан, поранешниот белгиски репрезентативец, во залезот од кариерата одлучи да се врати во родниот град Антверпен и да игра за истоимениот клуб.

Доскорешниот фудбалер на Интер го раскина договорот со италијанскиот првак и по 16 години пауза реши да се врати во татковината каде што го чека двегодишен договор и плата од два милиони евра по сезона.

Овој ангажман стана интересен за јавноста во Белгија бидејќи потегот на Најнголан е неочекуван, требаше да потпише за Калјари каде што минатата сезона играше на позајмица. Меѓу другото, Антверпен е градски ривал на Биршот, клубот во којшто 33-годишниот играч за врска ја почна кариерата како младинец, пред да се пресели на Чизмата во 2004 година.

Кариерата во Италија му тргна од Пијаченца, по што Најнголан обезбеди трансфер во Калјари, а од таму го облече дресот на Рома каде што пружаше најдобри партии. Во Интер не се изнаигра, па двапати беше позајмен назад во Калјари пред да го оствари камбекот во родната земја.

 

 

- Оглас -

Најнови вести