Лукас Ернандес потпиша договор за Баерн Минхен до 2024 година за неверојатни 80 милиони евра и стана вториот најскап дефанзивец на сите времиња и рекордер според трансферите во Бундеслигата.
Баерн одлучи да го одврезе ќесето, а во Минхен доаѓа еден од најдобрите бекови на планетата, со одлично педигре и со шампионската светска круна со Франција.
Сепак, Ернандес не е најскап одбранбен играч бидејќи приматот сè уште му припаѓа на Вирџил ван Дајк, стоперот на Ливерпул. Црвените од „Енфилд роуд“ за него му платија на Саутхемптон сума од 85 милиони евра и тоа е трансфер број 1 на сите времиња кога станува збор за дефанзивци.
Зад Ван Дајк и Ернандес е Емерик Лапорт со трансфер од 65 милиони евра при преселбата од Атлетик Билбао во Манчестер сити, а во топ 5 се и Менди со уште еден трансфер во Манчестер сити, но од Монако за 57 милиони евра и Вокер, кој го чинеше Манчестер сити 56,5 милиони евра при трансферот од Тотенхем во 2017 година.