Ирците се вадат: Шкупи џабе прави драми, и Шемрок патуваше од истото место каде што слетаа гостите од Македонија

Ирците се вадат за промената на планот за слетувањето на Шкупи наместо во Даблин на аеродромот во Шенон, по протестот на чаирчани за нефер однос од домаќинот Шемрок, а пред вечерашниот прв меч од претпоследното квалификациско коло за настап во Лигата на Европа.

Експедицијата на Шкупи наместо во Даблин, каде што од 21 часот и ќе се игра мечот на стадионот „Талат“, беше пренасочена да слета во Шенон, место одалечено од главниот град на Република Ирска точно 217 километри.

Шкупи објави официјално соопштение за маките и го нарече потегот на Ирците како несоодветен и нефер и прашаа дали така се однесуваат со англиски, германски, италијански и шпански екипи.

Веднаш соопштението беше пренесено и во ирските медиуми, а самоповикан да одговори не е Шемрок, туку новинарите на The42, што е малку и чудно и самобендисано.

„Прво гостите од Македонија наведоа дека слетале 300 километри од Даблин, што не е точно, бидејќи Шенон е поблиску од дистанцата што е наведена. Второ нема никако нефер однос од Република Ирска кон гостите бидејќи честопати во овој период има преголема френкфенција на аеродромот во Даблин, па Шемрок двапати леташе од Шенон, а Сент Патрикс двапати од аеродромот во Нок за гостувањата во европските купови во овој циклус. И Мура си замина во Словенија од Нок, па тие не се бунеа и не правеа драми со вакви драматични соопштенија“, пишуваат новинарите на The42.

Мечот се игра од 21 часот и е многу значаен бидејќи триумф во двомечот значи сигурно учество за победникот во Конференциската лига на УЕФА и останување и во трка за настап во фазата по групи во Лигата на Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести