Се затвора вратата за Столе во Реал, резервниот голман Лунин се премисли!

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски дефинитивно нема да се пресели од Рајо Ваљекано во Реал Мадрид затоа што резервниот голман на Кралскиот клуб, Андриј Лунин, одлучил да остане и да го одработи договорот до крај.

Во мај се појави информација дека Украинецот Лунин не е задоволен од минутажата во Реал, каде што неприкосновен број 1 е Тибо Куртоа, и дека сака да си замине. Но, сега еден месец подоцна, Лунин се премислил и сака да остане резервен голман во Реал.

Во шпанските медиуми се пишуваше дека ако си замине Лунин, Димитриевски е една од трите варијанти за кои размислува Реал да ги донесе во своите редови.

- Оглас -

Најнови вести