Се здружија Полска, Чешка и Шведска и соопштија дека не сакаат да играат баражи за СП во Русија (Фото)

Трите фудбалски федерации на Полска, Чешка и Шведска со заедничко соопштение објавија дека не сакаат да гостуваат во Русија за бараж-дуелите што ќе се играат на 24 и на 29 март на патот до фудбалскиот Мундијал во Катар.

Полјаците први треба да одат во Москва на мегдан на Русите, а тие вчера најавија дека УЕФА треба да реагира.

Ако се игра и Русија ја победи Полска на 24 март, тогаш повторно ќе биде домаќин и на последниот бараж-дуел против победникот од мечот меѓу Шведска и Чешка.

Русија утринава презеде воени акции против Украина, па претставниците на трите земји што им се можни ривали на патот на Светското првенство во Катар бараат од УЕФА и ФИФА да го променат планот и Русија да не биде домаќин на двата бараж-меча.

 

- Оглас -

Најнови вести