7.8 C
Skopje
вторник, 11 ноември 2025

Се знае од кој датум може да очекуваме да гледаме италијански фудбал

Фудбалската федерација на Италија денеска го откри медицинскиот протокол за продолжување на сезоната, кое треба да биде дефинитивно потврдено на состанокот закажан за в четврток. Министерот за спорт Виченцо Спадафора беше конкретен и ги потенцираше двата датуми кои се во оптек за враќање на мечевите во Серија А.

„Работиме на два можни датуми за продолжување на сезоната, а тоа се 13 и 20 јуни. Протоколот за продолжување на првенството е познат и тој е сличен на протоколот кој се користи за тренинзите. Во четврток ќе ја донесеме конечната одлука“, рече министерот Спадафора.

Италија беше првата земја во Европа која настрада од Коронавирусот, но сега по речиси три месеци од стартот на пандемијата, ситуацијата во земјата се подобрува и се очекува да се даде „зелено светло“ за враќање на фудбалот.

- Оглас -

Најнови вести