Дани Себалјос, најдобриот млад играч од Европското првенство во Полска пред две години, веројатно ќе игра една година за Арсенал како позајмен играч, објави „Марка“.
Себалјос не добива шанса да игра стандардно за Реал Мадрид, па изразил желба да се пресели во Лондон. Играчот од средниот ред летово стана европски првак со селекцијата на Шпанија за фудбалери до 21 година, а две години претходно како европски вицешампион беше прогласен за МВП на турнирот во Полска.
Тренер на Арсенал е Шпанецот Унаи Емери, што е причина плус 22-годишниот играч за врска да ги засили Топчиите. Во таков случај, Арсенал комплетно би ги презел обврските да го плаќа Себалјос додека тој игра за премиерлигашот, а платата му е 3 милиони евра на годишно ниво.