Македонскиот фудбалски првак Шкупи утревечер во Скопје ќе го игра реванш-мечот од второто квалификациско коло во Лигата на шампионте против Динамо Загреб. Тренерот на чаирчани, Гоце Седлоски, знае дека гостите се фаворити за поминување во следната фаза, но Шкупи на првиот меч покажа дека може да игра рамноправно.
„Имаме супер резултат од првата средба, но тоа не смее да не залажува. Знаеме каков ривал е Динамо, клуб кој секоја година игра во европските купови. Во изминативе неколку денови добро трениравме, атмосферата во тимот е супер. Притисокот е кај Динамо, ние можеме само многу да добиеме. Нема да се браниме, ќе одиме на победа“, вели Седлоски, кој не заборави да ги повика навивачите да дојдат на стадион и да бидат 12-ти играч на македонскиот првак.
„Утре нека биде еден добар меч, да уживаат навивачите, а на крајот резултатот ќе покаже кој ќе оди во следната фаза“, резимираше Седлоски на прес-конференцијата.

