Седлоски: Не заслуживме пораз вечерва, во Приштина одиме на победа

По поразот дома од косовскиот Балкани од 1-2, тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски, смета дека македонскиот првак може да влезе во групната фаза од Конференциската лига.

Според Седлоски, Шкупи не бил надигран, Балкани дал два гола од два шута.

„Не заслуживме да загубиме вечерва. Противникот ни даде два гола од два шута. Ни се повторува истото, имаме шанси, но не ги користиме и потоа сме казнети. Не се предаваме, одиме по позитивен резултат на реваншот, само ќе треба да ги користиме шансите“, изјави Седлоски.

- Оглас -

Најнови вести