23.8 C
Skopje
четврток, 31 јули 2025

Седлоски: Одигравме само едно полувреме од двомечот, но Вардар е подготвен на сѐ и за реваншот

Најтрофејниот македонски клуб Вардар утревечер во Швајцарија го игра реванш-натпреварот против Лозана во второто квалификациско коло од Конференциската лига. Со предност од еден гол (2-1), Вардарци знаат дека ги очекува многу тежок дуел.

Тренерот Гоце Седлоски сепак најавува дека Вардар со сите сили ќе се бори да ја оствари својата цел, пласман во следната рунда од ова натпреварување.

„Одигравме само едно прво полувреме од овој двомеч. Далеку од тоа дека што било е готово. Ние одиме утре да покажеме што можеме и колку можеме. Вардар ќе тргне максимално ангажирано, одговорно и прагматично. Ќе се обидеме максимално да сме фокусирани и да ги искористиме шансите“, истакна Седлоски на прес-конференцијата.

Не открива дали капитенот Горан Закариќ утре ќе биде стартер.

„Горан Закариќ е со нас во тимот исто така како што беше и во Скопје. По денешниот тренинг ќе одлучам што и како околу составот. Што се однесува до вештачката трева, ние сме подготвени на сѐ. Трениравме на неа, вештачки терен имаме во нашата база. Тоа воопшто не е тема за нас. Ние гледаме да одиграме како што знаеме и умееме, како што покажавме и во Скопје. Посакувам добар меч против сериозен ривал. Па, нека победи подобриот“, дополни шефот на стручниот штаб на Вардар.

- Оглас -

Најнови вести