Гоце Седлоски и официјално ја презеде функцијата селектор на фудбалската репрезентација на Македонија.
„Сакам да се заблагодарам за укажаната доверба и можноста да бидам селектор. Ова е најголем предизвик во мојата кариера. Да изградиме селекција која ќе се бори на секој дел од теренот, храброст, желба за докажување. Верувам во квалитетот на фудбалерите“, рече новиот селектор на презентацијата.
Селекторот најави дека ќе има освежување во составот, а од сите кои ќе бидат повикани против Данска очекува да го дадат максимумот.
„Ги следам сите репрезентативци. Секако дека ќе има освежување во националниот тим. Против Данска секој играч на теренот да даде максимум со дисциплинирана игра за да дојдеме до зацртаната цел“, вели Седлоски.
Во стручниот штаб ќе бидат Ерхан Селими, Борче Христов, Гого Јовчев, а ќе има уште двајца тренери кои дополнително ќе бидат познати.
„Не треба да го потценуваме македонското првенство. Ќе настојувам постојано да имаме меѓу четворица и петмина играчи од домашната лига.“

