Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Гоце Седлоски, одлучи со кои единаесетмина ќе ѝ се спротивстави на Данска во првиот бараж-меч за пласман на Светското првенство.
На голот стандардно е Столе Димитриевски. Дефанзивата пред него ќе ја сочинуваат Стојчевски, Зајков и Муслиу, додека по страничните позиции ќе делуваат Чурлинов и Ерера.
Во средниот ред се Елмас, Атанасов и Барди, додека двојката која ќе биде задолжена да го загрози противничкиот гол ја сочинуваат Растодер и Ќамили.


