Седмицата на Андонова е за чиста десетка, погледнете го евроголот на македонската репрезентативка (Видео)

Наташа Андонова слави голем успех со Леванте и учество во квалификациите во Лигата на шампионите што го зачини со прекрасен гол за десетка.

Македонската фудбалска репрезентативка без многу размислување упати лоб удар од огромна далечина и ја погоди мрежата на Атлетик Билбао за печат на победата од 4:0.

Тоа беше седмиот гол на Андонова во првенството на Шпанија, а може и да си го подобри билансот во последните две кола. Тоа ќе бидат ревијални мечеви за неа и за тимот, кој веќе обезбеди настап во квалификациите за Лигата на шампионите.

Леванте е на третото место, последно што води во филтер рундата за пласман во ЛШ и е недостижен за конкурентите. Шампион е Барселона, а пред Леванте со едне бод предност е и Реал Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести