Андонова постигна фантастичен гол од 40 метри, ќе игра со Леванте во квалификации за ЛШ

Наташа Андонова постигна прекрасен гол од далечина, со удар од околу 40 метри против Атлетик Билбао и на фантастичен начин ја запечати победата на Леванте од 4:0 и настапот во квалификациите за Лигата на шампионите.

За Андонова ова беше седми гол во Првата шпанска лига сезонава на 32-от натпревар за Леванте.

 

Клубот од Валенсија на две кола до крајот на првенството е на третата позиција со 69 бода, 15 помалку од шампионот Барселона и еден зад Реал Мадрид, а веќе се недостижни за конкурентите Реал Сосиедад и Атлетико Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести