-0.2 C
Skopje
среда, 21 јануари 2026

Седум меча се играат во НБА, а на четири како однапред да се знаат победниците

Возбудувањата во НБА-лигата продолжуваат со седум средби кои ќе се играат во полноќните термини. Интересно е дека дури на четири средби има драстични фаворити. Њујорк да слави на домашен терен против Бруклин е со квота од 1.28, а слично е и со Бостон, кој пред своите навивачи игра против Индијана.

На гостински терен за победи на Детроит и Оклахома кај Њу Орлеанс и Милвоки се дава иста квота од 1.33. Оклахома има 36 победи во 44 меча, додека Милвоки е многу послаб и има само 18 победи сезонава. Њу Орлеанс е најслабиот тим во лигата само со 10 победи од 45 меча и јасно е зошто Детроит, кој е најдобар на Истокот, е во улога на голем фаворит.

Во понудата за „плус-минус“ поени има над 60-мина кошаркари кои треба да бидат на терените на вечерните седум дуели.

- Оглас -

Најнови вести