Голема трагедија се случи во Романија каде најмалку седум навивачи на грчки ПАОК загинаа во сообраќајна несреќа, во која има и повеќе повредени, пренесуваат романските медиуми.
Несреќата се случила во близина на Темишвар, на околу 80 километри од границата со Србија. Според првичните информации, навивачите на ПАОК патувале со комбе кое се обидувало да претекне од левата страна, влегло во спротивната лента, а од таму наишол камион, со кој имал директен судар.
Οχι ρε πο@στη , όχι …#PAOK pic.twitter.com/NkpLiwf8vp
— Veni,vidi,vici (@venividivici444) January 27, 2026
Комбето било речиси целосно уништено, а неколкумина навивачи веднаш починале. Според извештаите, навивачите патувале кон Лион во Франција, каде ПАОК в четврток треба да игра во меч од Лига на Европа.

