Сефте гол и победа за Борец во ПМФЛ, и тоа против актуелниот првак Шкендија

Со погодокот на Никола Прелчец во 80-тата минута, екипата на Борец славеше голема победа од 1-0 против актуелниот македонски првак Шкендија. Прелчец го запиша сефте голот за велешани оваа сезона во домашниот шампионат, се случи во најубав можен момент, нанесувајќи им го третиот пораз на составот на Ќатип Османи.

Тетовци имаа прилика да поведат веќе по 20 минути игра, но капитенот Ибраими беше непрецизен од белата точка. Во новата сезона Шкендија уште е без триумф по четири кола, и сега тие го носат фенерот на дното на табелата со само еден бод.

Дербито на четвртото коло помеѓу Работнички и Академија Пандев припадна на гостите од Струмица со 2-1. Сашко Пандев уште во првата минута ја отвори средбата на „Тодор Проески“ арената во Скопје, по што Романтичарите одговорија преку Никола Шаркоски во 39-тата минута.

Неизвесноста траеше до 77-та минута, кога младиот Марио Крстовки донесе втора резултатска предност за струмичани и конечни 1-2.

Голеада од седум погодоци се случи во Кратово на мечот меѓу Силекс против Македонија Ѓорче Петров. Лавовите триумфираа со 4-3, иако во првото полувреме имаа двојно водство по головите на Фернандињо и Демир. Ристов и Дурански го вратија егалот на средбата по еден час игра, а потоа следуваше нов налет на гостите по кој Да Силва  и Божиновски стрелаа за 2-4, а Костовски во 90-тата минута го постави конечниот резултат.

Единственото реми од денешната програма во ПМФЛ се одбележа во дуелот меѓу Струга Тим и Лум и Шкупи, кој заврши со 1-1.

- Оглас -

Најнови вести