Сефте лигашки триумф за Челзи во 2021 година (видео)

Челзи ја запиша првата лигашка победа во 2021 година со минималните 0-1 на гостувањето кај Фулам во малото лондонско дерби.

Сините на Лампард многу се мачеа да ги освојат трите бода, дури по 80 минути игра стигнаа до одлувачкиот погодок кој го реализира Мејсон Маунт.

Домаќините од 44-тата минута беа десеткувани по црвените картон на Робинсон, но држеа егал речиси цел натпревар против фаворитот.

https://twitter.com/noob_fcb/status/1350520638608465926

Со овој триумф Челзи застана на седмата позиција на табелата со 29 бода, исто колку што имаат Саутхемптон и Вест хем, додека Фулам останува 18-ти со 12 бода по 18 одиграни натпревари во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести