Сефтоса и Монако

Монако по шест неуспешни средби во Лига 1, конечно се израдува на победа, прва за оваа сезона. Кнезовите ја совладаа Ница со конечни 3-1 на стадионот „Луј Втори“ и излегоа од црвената зона на табелата.

Фудбалерите на Жардим ги предводеше Головин, кој беше двоен стрелец и најзаслужен за првите три бода на Монако. Рускиот плејмејкер учествуваше и во третиот гол на домаќините откако му асистираше на Бен Једер во 80-тата минута за потврда на победата, а Бурнер претходно го постигна единствениот гол за Ница.

https://www.youtube.com/watch?v=NzmTwzu0Wts

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести