Сега финалето за Дурант дефинитивно е завршено (Видео)

Кевин Дурант при дуел со Серж Ибака се повреди во втората четвртина на дуелот Торонто – Голден стејт и за него финалната серија во НБА-лигата е завршена. Дурант има повреда на Ахиловата тетива, а салата во Торонто ја напушти одејќи со помош на патерици и на ногата имаше заштитна чизма.

Дурант ги пропушти претходните девет меча поради повреда на листот на ногата, а еве сега му се случи нов малер. Тој можеби веќе никогаш нема да заигра за Вориорс бидејќи можно е летово да ја промени средината.

Некои фанови на Репторс скандираа радосно и ја славеа победата на КД, му мавтаа кога го напушташе теренот, а кога замина во тунелот кон соблекувалната, доби аплаузи и овации. Пред да се повреди, несреќното крило даде 11 поени.

Ова е моментот на повредата:

- Оглас -

Најнови вести