Сега е полесно – Се врати клупскиот фудбал, мерак е за типување на Спортска прогноза

Играчите на Спортска прогноза се покажаа како одлични прогнозери и во минатото коло, кога на распоред беа поголем дел од натпреварите од квалификациите за ЕП 2020 година, а сега би требало да биде полесно бидејќи на менито во популарната 13-ка се клупските натпревари.

Ги има само од топ-5 лигите во Европа, кои се најатрактивни и со најлесно достапни податоци за екипите, што помага во стратегијата за прогнозирање.

За прогнози во 12-тото коло од Спортската прогноза имате време до утре, до 15.30 часот, кога ќе бидат затворени портите за типување со почетокот на мечот од Бундеслигата меѓу Ајнтрахт и Волфсбург.

Сабота треба да се прегрми со пет точно погодени двојки од тринаесетката и плус еден резервен пар. Во фокусот ќе бидат двата значајни дерби-меча во Италија и во Англија.

Милан од 18 часот му е домаќин на Наполи во дуел на двата гиганти, кои не се во добра форма. Ќе биде интересно да се типува конечниот исход на „Сан Сиро“, а половина час подоцна почнува и второто големо саботно дерби.

Манчестер сити е фаворит против Челзи, досега дури 83,3 отсто од прогнозерите во ова коло типуваат дека ќе победи шампионот, но тука може да се освои многу вреден поен ако избраниците на Френк Лампард изненадат, а играат во одлична форма.

Добар почеток и многу поени на саботните мечеви секогаш носат нетрпение за продолжението од нашата програма со вкупно 13 дуели за прогнозирање, плус два резервни пара. Во недела има уште 7 натпревари од главната програма и уште еден резервен пар, а за крај на 12-тото коло го оставивме мечот од Премиер лигата меѓу Астон вила и Њукасл.

Главната награда веќе ви е позната, Sport Life и Спорт Манија во секое коло доделуваат прекрасен „IPhone XS“, а и условот за да го добиете мобилниот телефон се знае, да се погодат сите 13 двојки.

Многу интересна е и битката во Генералниот пласман и разликата во поени во горниот дел на табелата е многу мал. Во топ-20 се прогнозери што имаат од 75 до 80 поени, па сè уште има шанса за пресврти во битката за ТВ Смарт од 48 инчи што ќе го добие шампионот во втората сезона на Спортска прогноза.

Не е доцна за да се приклучите во играта што е бесплатна, а концептот е многу едноставен бидејќи главната премија во секоја рунда, прекрасниот „ајфон“ може да биде и ваш.

 

- Оглас -

Најнови вести