Сега и официјално: Флик на кормилото на Баерн до 2023 година

Ханзи Флик и официјално стави потпис на повеќегодишен договор со Баерн Минхен. Тренерот кој требаше да биде привремено решение за Баварците по отказот на Нико Ковач ја оправда довербата кај управата и како награда ќе се задржи на кормилото на актуелниот германски првак до јуни 2023 година.

Веќе неколку месеци се најавуваше дека Баерн ќе го задржи Флик на клупата по добрите резултати кои ги прикажа тимот под негово водство, па раководството го користи привремениот прекин на сезоната да ги осигура услугите на 55-годишниот стратег.

Претходно, гигантот од „Алијанц арената“ ги обнови договорите со Томас Милер и младиот Алфонсо Дејвис.

- Оглас -

Најнови вести