Сега Италијанецот кој го води Брајтон е фаворит за клупата на Баерн Минхен

Управата на Баерн Минхен во последните дваесетина дена доживеа големо разочарување бидејќи тројца тренери ги одбија, и сега повторно се фокусира кон менаџерот на Брајтон, Роберто де Ѕерби.

Чаби Алонсо одлучи да остане во Баер Леверкузен, Јулијан Нагелсман потпиша нов договор со фудбалската федерација на Германија, додека вчера и Ралф Рангник ја одби понудата на Баерн Минхен и одлучи да остане селектор на Австрија и по Европското првенство.

Поради тоа, управата на Баерн се враќа на опцијата која беше реална пред дваесетина дена, Роберто де Ѕерби.

Де Ѕерби има договор со Брајтон, но англиските медиуми сметаат дека тој налето ќе си замине бидејќи покрај Баерн, интерес за неговите услуги пројавува и Милан.

Новинарот Фабрицио Романо, вчера објави дека челниците на Баерн конечната одлука за наследникот на Томас Тухел кој ќе си замине на крајот од сезоната, ќе ја донесат идната недела.

- Оглас -

Најнови вести