Екипата на Челзи сè уште е во потрага по нов тренер откако му врачи отказ на Греам Потер. Иако сите сметаа дека Јулијан Нагелсман е најголем фаворит за клупата на клубот од Лондон, сепак сега ново име избива во прв план.
Според медиумите од Англија, шпанскиот стратег Луис Енрике веќе е во Лондон на преговори со Челзи и се очекува тој да биде нов тренер на клубот. Во игра се две опции, Шпанецот веднаш да седне на клупата на Челзи, но и тоа да го направи дури налето.
Резервна опција доколку не биде постигнат договор со Луис Енрике е на клупата на Челзи да седне Франк Лампард.