Сега немаше свирежи кон Донарума кој урна рекорд стар 56 години а Италија е „бронзена“ во Лигата на нации

Репрезентацијата на Италија ја освои бронзата од овогодинешното издание од Лигата на нации.

„Аѕурите“ на стадионот на Јувентус ја победија Белгија со 2:1 и го освоија првиот медал во ова натпреварување.

Николо Барела на самиот почеток од второто полувреме ја затресе мрежата на Белгијанците.

https://www.youtube.com/watch?v=0gpLUfRthHw

А победата ја потврди Доменико Берарди од со удар од белата точка во 65. минута.

https://www.youtube.com/watch?v=9KTEOlepd-w

Сепак, гостите на ова а средба настапија без Ромелу Лукаку и Еден Азар кои поради повреда го напуштија тренинг кампот и се упатија кон своите клубови.

А тоа го искористи младиот Шарлс де Кетелар кој искористи една убава асистенција на Кевин де Бруин, но само тоа беше доволно само за да ја намалат негативата.

https://www.youtube.com/watch?v=z_EzjlCBeSs

Интересно е што овој пат, за разлика од претходниот, немаше свирежи упатени кон Џиџи Донарума, бидејќи оваа средба се одигра во Торино, за разлика од претходната која што беше во Милано.

Токму Донарума стана најмладиот капитен во историјата на италијанската репрезентација, уривајќи го 56-годишниот рекорд на Џани Ривера.

- Оглас -

Најнови вести