Сега нов фаворит да седне на клупата на Баерн Минхен е „докторот“ за Лигата на Европа

Управата на Баерн Минхен веќе неколку недели е во интензивна потрага по тренер за следната сезона откако се договори со актуелниот тренер Томас Тухел да си замине на крајот од актуелната сезона и сега имаат нов фаворит.

Откако изминатите недели германските медиуми веќе ги прогласија Чаби Алонсо, Јулијан Нагелсман и Роберто де Зерби за нови тренери, денеска имаат нов фаворит за предводник на Баерн во следната сезона и тоа е докторот за освојување на титули во Лигата на Европа.

 

Според медиумите, последно име кое се поврзува со клупата на Баерн е актуелниот менаџер на Астон вила, Унаи Емери. Емери ја препороди Астон вила, со која моментно го држи четвртото место на табелата во Премиер лигата, а за тоа каков тренер е тој, најдобро покажуваат четирите триумфа во Лигата на Европа, три со Севиља и еден со Виљареал.

- Оглас -

Најнови вести