7.8 C
Skopje
понеделник, 26 јануари 2026

Сега сите ја знаат, Аталанта ќе мора да си ја промени лозинката за влез на стадионот (Видео)

Еден англиски навивач неодамна неовластено влезе на стадионот на еден италијански прволигаш на необичен начин и сето тоа го сними и објави на „Тик-Ток“.

На „Њу Баланс Арена“ во Бергамо влезе многу лесно и ќе ги принуди луѓето од клубот да ги преиспитаат своите „тенки“ безбедносни протоколи.

Навивачот дојде до влезот наменет за клупскиот автобус и ја внесе годината на основање на клубот на тастатурата – 1907. На негово изненадување, портата веднаш се отвори и му дозволи да влезе.

„Еве нè на стадионот на Аталанта, со планините во позадина. Тука е влезот за клупскиот автобус. Кој би можел да биде кодот? Која година е основан клубот? 1907 година“, вели тој во камерата додека ги внесува броевите.

Смеејќи се откако портата ја прифати шифрата, тој иронично додаде: „Хмм, да. Супер обезбедување, нема проблем!“

После ова, се очекува безбедносните шифри на стадионот да бидат променети, а веројатно ќе се преземат и други мерки за стадионот да не биде „хотел промаја“.

Како изгледаше влегувањето на стадионот, погледнете ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести