Сеирот им се одби од глава – Му се потсмеваа на противникот, па си заминаа со петарда во мрежата (Фото)

Реакцијата на казахстанскиот клуб Астана пред мечот во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА против полскиот Раков испадна контрапродуктивна.

Гостите на клупскиот твитер-профил се обидоа да се пошегуваат со клубот од Честохова, Полска, но сеирот им се одби од глава со петарда во нивната мрежа.

Раков им одговори со пет гола во нивната мрежа и е речиси сигурен учесник во третото квалификациско коло ако Астана не приреди уникатен подвиг и анулира пет гола негатива во реваншот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести