Сеир на денот: Фудбалерите на Малта останаа „разочарани“, не можеа да го најдат пропаднатиот камион во фонтаната

Фудбалските репрезентативци на Малта утрово имаа прошетка низ центарот на градот и се запознаа со дел од историјата и културните знаменитости на Македонија. Тие прошетаа низ плоштадот Македонија, а најмногу беа воодушевени од големиот споменик „Воин на коњ“.

Освен спомениците, на плоштадот има и фонтана која е на шеталиштето, а денеска беше најактуелна во македонските медиуми. Многумина пренесоа дека камион пропаднал во фонтаната на плоштадот, но потоа се покажа дека веста е лажна, па фудбалерите на селекцијата на Малта останаа „разочарани“ затоа што не можеа да видат „светско чудо“, фонтана со камион, што денеска ја најавија многу медиуми кај нас.

 

- Оглас -

Најнови вести