Сејдини: Им честитам на стручниот штаб и на фудбалерите, шансите со Холандија се 50-50

Првиот човек на Фудбалската репрезентација на Македонија, Муамед Сејдини, во изјава за Македонската радио телевизија, и покрај поразите од Австрија и Украина, им честиташе на фудбалерите и стручниот штаб на националниот тим што даваат максимум.

„Денеска во првото полувреме се виде дека не сме на потребното ниво, но потоа се покажа вистинскиот карактер, играчите покажаа дека сакаат да ги израдуваат многубројните фанови на трибините. Им честитам и на стручниот штаб и на фудбалерите што дадоа сè од себе. Шансите на дуелот со Холандија мислам дека се 50-50. Секој меч почнува од 0-0, а ние на секој натпревар одиме на победа“ – рече Сејдини.

- Оглас -

Најнови вести