Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, верува дека со доаѓањето на Благоја Милевски за нов селектор, ќе продолжат успесите на националниот тим. Милевски потпиша договор кој го обврзува да остане на чело на репрезентацијата до 2024 година, но Сејдини очекува оваа соработка да трае уште подолго.
„Од мое име и од име на ФФМ му честитам на Благоја Милевски за селекторското место. Дојде како човек кој создаде генерација успешни репрезентативци, ја започна генерацијата која донесе огромен успех. Јас и Федерацијата сме уверени дека тој и фудбалерите имаат капацитет да донесат огромни успеси. Иако бројката на договорот е само бројка, верувам дека ќе соработуваме многу подолго“, рече Сејдини, кој му посака среќа на новото селекторско место.

