Секогаш сум бил фан на Меси, но ова е фарса

Лионел Меси синоќа по рекорден осми пат ја доби наградата Златна топка, која се доделува на најдобриот фудбалер во светот. Аргентинскиот виртуоз ова признание го заслужи најмногу благодарение на неговите игри на Светското првенство во Катар минатата година, кога Гаучосите стигнаа до планетарниот трон, а Меси беше прогласен за МВП на турнирот.

Поделени се мислењата дали Меси ја заслужи наградата за оваа сезона, а еден од оние кои не се согласуваат со ваквиот избор е легендарниот германски фудбалер Лотар Матеус. Некогашниот германски фудбалер ја доби Златната топка во 1990 година, а тоа е токму онаа година, кога беше капитен на Панцерите, кои триумфираа на Светското првенство во Италија. Благодарение на тој трофеј на Мундијалот во 1990 година Матеус и стигна до Златната топка, но сега верува дека Меси не ја заслужил најпрестижната поединечна награда во фудбалот.

„Оваа награда не е заслужена и покажува дека Светското првенство вреди повеќе од сѐ. По мое мислење, никој не беше подобар од Халанд, тој е најдобриот фудбалер во изминативе 12 месеци. Халанд освои важи трофеи со Манчестер сити, а постави и рекорд по бројот на дадени голови. Наградата за Меси е фарса, иако секогаш сум бил негов фан“, вели 62-годишниот Матеус.

 

- Оглас -

Најнови вести