Секоја чест: Лазаров е легенда која што во петтата деценија без проблем освојува титули

Дека Кирил Лазаров е ракометна легенда немаше никакви дилеми од многу поодамна.

Но, денеска легендарниот македонски ракометар покажа дека и во 41-та година од својот живот е подготвен сè уште да игра на врвно ниво и дојде до првата титула со Нант.

Во финалето од францускиот куп го победија Шамбери со убедливи 28:21 a Кире постигна два гола.

Но, тој си ја заврши вчера работата, кога го постигна победоносниот гол во полуфиналето против Монпеље.

Нант имаше потполна резултатска контрола и на полувреме замина со водство од 13:10.

Во продолжението исто така не дозволија изненадување од противникот и демонстрираа сигурна и стабилна игра која што ги донесе до титулата во францускиот куп.

- Оглас -

Најнови вести