39.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Секоја чест, не му беше тешко од Порторико да дојде за да „гине“ за Македонија

Еден од главните адути во кошаркарската репрезентација на Македонија летово во претквалификациите за СП 2027 ќе биде Џејкоб Вајли, крилниот центар на кој не му беше тешко од Порторико да дојде тука и тоа со семејството, и да им помогне на младите македонски играчи кои не го одбија повикот од селекторот.

Американецот со македонски пасош со 30 години (во септември ќе наполни 31) е највозрасен играч во тимот, и веднаш се вклопи во екипата како еден од лидерите. Не му беше проблем да дојде тука среде лето, не му требаше време за аклиматизација, а и со односот на терен, со борбеност до максимум, желба за надигрување дури и на обичен пријателски меч, гордо носење на дресот на националниот тим, ги собира симпатиите.

Во ситуација кога ги нема Шортс, Димитријевиќ, Хап и останатите играчи кои беа предводници на селекцијата во изминатите неколку циклуси, Вајли е освежување и идеално се надополнува во тимот кој можеби нема некој екстра квалитетни индивидуалци, но тоа го надоместува со борба и тимски дух.

- Оглас -

Најнови вести